Овошје кое не треба да се јаде на празен стомак

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Намирниците кои ги консумираме влијаат врз нашето здравје, а може и да му наштетат.

Како што објаснуваат диететичарите, иако е дозволено умерено да се јаде каква било храна, има и таква што треба да се избегнува на празен стомак. Една од тие намирници се цитрусните овошја.

Цитрусните овошја како лимони, мандарини или портокали можат да го зголемат производството на киселина во нашите црева, зголемувајќи го ризикот од гастритис и чир на желудникот.

Исто така, големата доза на влакна и фруктоза кои се наоѓаат во ова овошје може да го забави нашиот дигестивен систем доколку го јадеме на празен стомак, пишува Healthshots.

Покрај цитрусното овошје, диететичарите истакнуваат дека на празен стомак треба да избегнувате јогурт, зачинета храна и храна богата со рафинирани шеќери. Во оваа група на забранети намирници спаѓа и кафето, додаваат тие.

Слични содржини