Пад на бројот на дневни активни корисници на Facebook, акциите на Meta во минус 20%

од Vladimir Zorba

Социјалната мрежа Facebook забележа пад на бројот на дневни активни корисници за прв пат во својата 18-годишна историја, јавува Анадолија.

Матичната компанија на Facebook, Meta Platforms објави дека бројот на дневни активни корисници паднал на 1,929 милијарди во кварталот што завршува во декември, во споредба со 1,930 милијарди во претходниот квартал.

Компанијата, исто така, предупреди на забавување на растот на приходите поради конкуренцијата од ривалите како TikTok и YouTube, додека огласувачите, исто така, ги намалуваат трошоците, пишува BBC.

Акциите на Меtа паднаа за повеќе од 20 отсто, што резултираше со губење на пазарната вредност од 200 милијарди долари.

Извршниот директор на Facebook, Марк Закерберг, изјави дека ова е резултат на тоа што публиката, особено помладите корисници, се свртуваат кон ривалите.

Меtа, која ја поседува втората по големина платформа за дигитално рекламирање во светот по Google, исто така рече дека е засегната од промените во приватноста на оперативниот систем на Apple.

Слични содржини