Паднаа цените на нафтата на светскиот пазар

од Stefanija Kuzmanovska

Цените на нафтата на светскиот пазар паднаа поради стравувањата од побарувачката поттикната од лошите глобални економски податоци и можноста за дополнително зголемување на каматните стапки.

Меѓународната референтна цена на нафтата од типот „брент“ утринава изнесуваше 80,44 долари за барел по падот на цената од 1,25 отсто.

Американската референтна вредност West Texas Intermediate (WTI) се тргуваше по цена од 76,83 долари за барел, откако падна за 1,34 отсто.

Зголемувањето на каматните стапки, загриженоста за глобалната економија и можноста за пад на побарувачката на гориво предизвикаа пад на цените на горивата.

Цените на нафтата се најдоа под притисок на очекувањата дека централните банки во САД, Велика Британија и Европа ќе ги зголемат каматните стапки во првата недела од мај за да се борат против високата инфлација.

Слични содржини