Паѓа рејтингот на Бајден, за првпат на 50%

од desk4

 

Популарноста на американскиот претседател Џо Бајден падна на 50% , за прв пат од стапувањето на должноста. Вакви резултати произлегоа од истражувањето спроведено во јули од страна на агенцијата Галуп.
Според резултатите, 45% од Американците не ги одобруваат активностите на Бајден како претседател, 5% од испитаниците немаат став по ова прашање. Само 50% од испитаниците ја поддржуваат работата на Бајден, што е за шест процентни поени пониско отколку во јуни. Тогаш 56% од испитаниците биле позитивни во врска со активностите на претседателот.

Слични содржини