Пахор: Не ја поддржувам Бугарија во блокадата на С. Македонија

од Nikola Popovski

Словенечкиот претседател Борут Пахор смета дека тоа што во моментов ѝ се случува на С. Македонија на патот кон ЕУ е неправедно.

-Тешко и е сега на Северна Македонија. Мислам дека тоа што сега го прави Бугарија не е праведно. Бугарија да верува на Северна Македонија, дека некои работи ќе ги реши во заеднички дух, да ја тргне блокадата и Северна Македонија да може да оди понатаму на европскиот пат. И, се разбира потоа во дијалог со Бугарија, да решат некои прашања, така како што е праведно, вели Пахор во интервју за „Гласот на Америка“ на македонски јазик.

Според него, барањата околу идентитетот и историјата се нерационални.

-Знам дека се чувствителни, но мислам дека тоа не е можно да се реши преку ноќ, а не со една политичка блокада. Тоа се чувствителни и емотивни прашања за едната и за другата страна и по прв пат се наоѓам во една ситуација, кога велам црно бело, не ја подржувам Бугарија во таа ситуација кога ја блокира Северна Македонија, додава Пахор.

Слични содржини