Палатата го соопшти статусот кој ќе го имаат Вилијам и Хари на погребот на кралицата

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Вилијам и принцот Хари ќе одат рамо до рамо на погребот на кралицата Елизабета Втора во понеделник. Веста дојде директно од палатата, а ова ќе биде втор пат за една недела браќата да се блиску еден до друг.

Пред неколку дена Вилијам и Хари заедно со нивните сопруги прошетаа пред насобраната толпа, која дојде да ѝ оддаде почит на кралицата. Тоа беше нивно прво заедничко појавување после долго време.

На погребот во понеделник, трите најстари внуци на кралицата ќе одат зад кралот Чарлс Трети, принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард, кои ќе ја предводат поворката од високи членови на кралското семејство зад ковчегот на покојната кралица.

Внуците ќе бидат следени од зетот на кралицата, вице-адмиралот Сер Тимоти Лоренс, братучедот на кралицата, војводата од Глостер и нејзиниот внук, Ерл од Сноудон. Тоа се најновите вести кои доаѓаат од палатата.

Во Велика Британија со денови продолжува жалоста за кралицата Елизабета Втора. Нејзиното семејство ги посетува насобраните граѓани, но и го следи ковчегот на кралицата, кој од Шкотска пристигна во Единбург, па во Бакингемската палата, а во моментов се наоѓа во Вестминстерската сала, каде ожалостените можат да го видат и да ѝ оддадат почит на кралицата.

Слични содржини