Палевски на 30 ноември ја напуштил земјата и преку Белград се упатил кон Бугарија

од Nikola Popovski

Лицето Љупчо Палевски е излезено од државата со возило, заедно со неговиот адвокат и заминато во Белград. Оттаму оди во Бугарија следниот ден и понтаму ќе ги утврдуваме аспектите, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изнесувајќи детали околу истрагата за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска.

Според информациите, тој на 30 ноември ја напуштил државата. Досега против него имало неколку прекршочни постапки и една кривична на територија на ОВР Прилеп.

Како што беше денеска соопштено, таткото на малата Вања учествувал во некакви насоки кога девојчето ќе излезе само од својот дом и кога ќе можат осомничените да го очекуваат.

Според шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, таткото на девојчето не може да се сомничи како дел од групата која го извршила убиството, бидејќи немаат сознанија за тоа.

Слични содржини