Памела Андерсон за својата најлуда забава: Имаше 7 голи девојки, а потоа сфатив дека тие ме чекаат мене…(18+)

од Vladimir Zorba

Во интервју за шоуто „Life Stories“ на британскиот водител Пирс Морган, Памела Андерсон откри некои досега чувани тајни за нејзиниот сексуален живот кој го водеше во последниве години.

Поранешната ѕвезда на „Baywatch“, сега 50-годишна, зборуваше за најлудото искуство, кое го доживеала во вилата на Хју Хефнер.

Едно од најубавите „Плејбој“ зајачиња рече дека, кога таа пристигнала во вилата, мислела дека ќе го гледа Хефнер „во акција“ со седум други девојки, но наскоро станало јасно дека тие требале да гледаат како има секс со основачот на „Плејбој“.

„Сите беа голи и сите девојки се качија по скалите. Ги следев. Мислев што ќе се случува на спратот. Седум девојки одеднаш со Хеф. Стоев на крајот на креветот и гледа во нив, а потоа сфатив дека сите ме гледаат мене. Си помислив: „Ова не е филм. Морам да излезам од овде“, изјави Памела пред Пирс Морган.

Слични содржини