Пандов: Мијалков му заврши лавовска работа на премиерот

Во своето гостување во „Само вистина“, Александат Пандов од Патриотскиот институт, даде осврнувачка рамка на настаните кои изминативе денови ја брануваат јавноста.

„Да потсетиме, сопругата на Младенов го замоли Заев да не го злоупотребува неговото име, идентично оправдан е револтот кај семејствата на осудените за „Монструм“, а и 27. април беше случај донесен со политичка пресуда за наводен тероризам. Од друга страна, имаме генерален секретар кој од Мексико порача дека не е виновен, а гледаме и денес дека ќе гради хациенда во Побожје. Ова пак со Мијалков е многу чудно, бидејќи тој истиот му заврши лавовска работа на Заев обезбедувајќи ги тие осум пратеници. Оттаму, со 27. април, половина лица се амнестирани, додека половина се теретат за тероризам“, истакна Пандов.

Слични содржини