Пандов: Сите македонски граѓани и патриоти на 4 февруари треба да бидат во Св. Спас на гробот на Гоце Делчев

од Vladimir Zorba

Сите македонски граѓани и патриоти на 4 февруари треба да бидат во Св. Спас на гробот на Гоце Делчев, да се поклониме на херојот кој се вгради во нашата борба за државност, кажа Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина” на Канал 5.

Пандов посочи дека од Бугарија се планира со бугарска иконографија да дојдат и да пропагираат како Македонија е бугарска, како е Гоце Делчев Бугарин.

„Затоа, секој еден Македонец што е загрижен и што се чувствува како патриот очекувам дека на 4-ти февруари ќе биде пред Црквата „Св. Спас” и ќе дојде да се поклони на гробот на Гоце Делчев, дотолку повеќе што оваа година се 120 години од неговото раѓање”, рече Пандов.

„Во што е тука проблемот ако Македонците се соберат, па нели тоа треба да го направиме ? Тоа треба државата да го поттикне. Ниту министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а најмалку Димитар Ковачевски не не штитат тогаш во таква ситуација Македонците сами сакаат да си го заштитат своето свето што им е”, изјави Пандов.

Пандов е дециден дека сите македонски граѓани, сите патриоти и секој еден што чувствува дека Гоце Делчев е заслужен за тоа што ние 1944 година добиваме држава да дојде на 4-ти февруари во Црквата „Св. Спас” .

Слични содржини