ПАНИКА ВО КОНГО: Вулканот Нијарагонго еруптираше, пред речиси две децении уби 250 луѓе (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Вулканот Нијарагонго во Република Конго еруптираше денес и исфрли големи количини на лава.

– Гледам големи количини на лава и ми се чини дека, очигледно, наскоро ќе стигне до Гома. Засега луѓето не се евакуираат – изјави вулканолог Дарио Тадеско во разговор со Ројтерс.

Последната ерупција на вулканот Нијарагонго се случи во 2002 година, кога 250 лица го загубија животот, а 129.000 останаа без покрив над главата.

Вукнологот Тадеско тврди дека овој вулкан еруптира лава што се движи побрзо од кој било друг вулкан што еруптирал ширум светот.

Експертите стравуваат дека активностите на вулканот кај Гома во последните пет години може да бидат најава дека трагичните ерупции од 1997 и 2002 година ќе се повторат.

Ројтерс додава дека вулканолозите од опсерваторијата за вулкани Гома (ОВГ), која исто така го следи Нијарагонго, се обидувале да извршат основни задачи и анализи откако Светската банка го скрати финансирањето поради наводите за проневера.

Слични содржини