Паника во шпанските одморалишта: Најбрзата ајкула во светот забележана во Медитеранот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во шпанските одморалишта владее голема паника, бидејќи во близина на плажите е забележана најбрзата ајкула на светот која може да се движи со брзина од 70 километри на час.

Станува збор за мако ајкула која нуркачите ја забележале на околу 15 километри од брегот на Барселона, што е прво појавување на ајкула во оваа област во последните 10 години.

Според нуркачите, оваа ајкула може да биде долга и до пет метри.

Ајкулата сосема случајно ја забележале нуркачите во близина на селото Гараф за време на експедиција на Здружението на китови. Инаку, ова здружение ги надгледува китовите, делфините и морињата поради длабочината на водите на овој простор.

Подводниот фотограф Дејвид Јара потоа ја фотографирал спектакуларната сцена на фотографијата на која се прикажани перките на ајкула во Средоземното Море.

„Видовме како се движи голема црна сенка. Бевме малку збунети. Но наеднаш видовме нешто како излегува од морето. Набрзо забележавме грбна перка“, изјави фотографот за шпанскиот весник El Pais.

Тој додава дека ова за него е импресивно искуство и во еден момент сакал навистина да ѝ се доближи.

„Но, набрзо сфатив дека тоа не е најпаметната работа“, рече Јара.

Слични содржини