Паника во Загреб и Сплит: Хрватите повлекуваат пари од руски банки (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Поради настаните во Украина и санкциите што Западот ги воведе кон Русија, се повеќе граѓани ги повлекуваат парите од руските банки, бидејќи веруваат дека нивните пари ќе пропаднат. На најавените санкции против руската банка Сбербанк не останаа имуни ниту граѓаните на Хрватска.

Да потсетиме, санкциите против оваа руска банка синоќа воведоа САД. ЕУ најавува санкции и против рускиот банкарски сектор.

Во Загреб е создаден ред пред филијалите на Сбербанк, луѓето вадат пари од своите сметки, пренесува хрватски „Index“.

Редица пред банката во Сплит

Утрово пред банкоматот на оваа банка во Сплит се создала прилично голема редица.

-Кој знае како ќе заврши ова. Не сакам да останам без парите. Ги повлекувам сите пари. Што е сигурно, сигурно е, рече една од жените што чекала во ред

Фото:  Dalmacija Danas

Слични содржини