421
Земјава веќе има стекнато колективен имунитет, ако во предвид освен вакцинираните, се земат и оние граѓани кои го прележале вирусот, вели д-р Никола Пановски за ТВ „Сител“.
Очекува 50 отсто од граѓаните да се вакцинирани до почеток на август, а 70 отсто до крајот на годинава, ако имунизацијата се одвива со исто темпо како и до сега.
Децата, според него, засега не треба да бидат опфатени со процесот на имунизација.
Очекува да имаме мирна есен, без голем број заразени и смртни случаи од коронавирусот.
Упати и апел граѓаните да се вакцинираат, бидејќи „само така може да ја победиме пандемијата“.