Пановски: Како да барате од граѓаните да носат маски на отворено, кога политичарите не го прават тоа?

од Nikola Popovski
329 прегледи

„Сега е идеално за вакцинација, кога ќе биде мирно летово. Потребно е лицата над 70 години да бидат целосно вакцинирани, за да можат децата да отидат на училиште и да не се плашат дека ќе им донесат дома Ковид-19“, смета д-р Никола Пановски, за емисијата „Студио 10“.

За мерката маски на отворено, Пановски вели дека треба да се тргне веднаш.

„Законот од почеток беше бесмислен во некои делови, а тоа беше носењето на маски насекаде. Маски на плажи, освен келнерите, не носеше никој друг. Гледате политичари не носат маски, едноставно веќе гледаат дека не можат. Како тогаш да барате од граѓанинот да носи маска во парк кога е сам или со своето семејство? Да нема инаетење, маски треба само во јавни установи и во затворени простории. Исто така сметам дека нема потреба од полицискиот час од 00 до 4 наутро“, категоричен е епидемиологот.

Слични содржини