Пановски: Респираторните машини, колку и да не се добри, во некои земји спасуваат живот

од Nikola Popovski

„Треба да признаат здравствените власти дека има проблем, како што со респираторите не се признаваше дека има проблем, дури и се тврдеше дека е нормално 99 проценти од пациентите да умираат“, вели проф. д-р Никола Пановски за емисијата „Само вистина“.

Според него, тоа не е точно во светски размери.

„Респираторните машини, колку и да не се добри, во некои земји спасуваат живот. Во србија процентот е 50-60 на смртност, а да не зборувам за Германија, која има одлични резултати“, изјави Пановски.

Тој напомена дека ако се пациент на респиратор со погрешни индикации или со поголем притисок, тогаш му пресудуваат, кој веројатно и така не би преживеал.

„Некои се правдаат дека пациентот толку се гуши и страда, што респираторнара машина му се става за да престане да страда и го успиваат“, смета Пановски.

loading...

Слични содржини