Папараците ја уловија без шминка: Како денес изгледа некогашната СЕКС БОМБА?

од Vladimir Zorba

Една од најпознатите холивудски актерки на 20 век, денес 67-годишната Ким Бесинџер, во 80-тите се прослави како Бонд девојка во филмот „Never Say Never Again“ кој и донесе статус на секс симбол.

И додека некогаш беше најбараната актерка и добредојдено лице на сите важни настани, во последните години се крие од јавноста, а се помалку ја гледаме на филмското платно.

Но, папараците сега успеаја да ја фатат пред теретана во Лос Анџелес каде што тренира.

Без шминка и со разбушавена коса, актерката на фотографиите не е лесно да се препознае, а траги од нејзиното лице оставиле бројни естетски зафати на кои се подложила последните години.

Честите посети на ботокс и други корекции, исто така, ги поттикнаа нејзините сè поретки ангажмани во Холивуд, а таа еднаш призна дека мислела дека тоа му наштетило на нејзиниот статус на секс симбол, бидејќи како што стареела, тие сакале сè помалку да ја ангажираат за улоги.

Инаку, Ким од 1993 до 2002 година беше во брак со Алек Болдвин, со кого ја има ќерката Ајрланд, а кој моментално минува низ тежок период бидејќи случајно ја уби снимателката Халина Хачинс на сетот на филмот „Rust“.

Пред него Ким беше во брак со шминкерот Роно Снајдер, а ништо не се знае за нејзиниот љубовен живот по разводот со Болдвин.

Слични содржини