Папата Франциск апелираше до Русија да го оживее Црноморскиот договор за жито

од Radmila Tasevska

Папата Франциск денеска ја повика Русија да го оживее Црноморскиот договор за жито, кој и овозможи на Украина да извезува жито од своите поморски пристаништа и покрај војната.

– Апелирам до моите браќа, функционерите на Руската Федерација, да продолжи црноморската иницијатива и безбедно да се транспортира житото, рече папата Франциск за време на неделната молитва.

Русија не го продолжи Црноморскиот договор за жито, по неговото истекување на 17 јули бидејќи, како што тврди Кремљ, делот што се однесува на Русија не е спроведен. Москва долго време се жали дека и понатаму има пречки за нејзиниот извоз на жито и ѓубрива.

Потпишан во јули 2022 година во Истанбул, договорот со посредство на Турција и ОН веќе двапати беше обновен. Договорот овозможи 33 милиони тони жито да се извезат преку украинските пристаништа минатата година и покрај конфликтот.

Слични содржини