Папата Франциск зборуваше за сексот: „Една од најубавите работи кои Бог му ги дал на човекот“

од Stefanija Kuzmanovska

Во документарниот филм „Папата одговара“, папата Франциск зборуваше за „позитивните страни на сексот“, опишувајќи го како „една од најубавите работи кои Бог ѝ ги дал на човечката личност“.

Во документарниот филм објавен од продуцентската куќа Дизни+, Папата беше прикажан на средба со десет млади луѓе која се одржа минатата година во Рим.

Се вели дека разговарале за различни теми, вклучувајќи ги правата на ЛГБТ, абортусот, порно индустријата, односот меѓу сексот и религијата и сексуалната злоупотреба во Католичката црква, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини