Папата Франциск ги заостри казните за свештениците кои силуваат деца

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск направи најголема ревизија на црковниот закон во последните четири децении, заострувајќи ги мерките против свештениците кои злоупотребуваат малолетни лица и прават измами.

Ревизијата, која е во тек од 2009 година и беше започната од последниот папа Бенедикт XIV, се однесува на Шестата книга од Законот за канонското право, која се состои од 1750 члена. Ова е најголемата ревизија на казнениот законик од неговото потпишување во 1983 година од папата Јован Павле Втори.

Папата ги потсети владиците дека тие се одговорни за почитување на законот и дека целта на амандманот е „да се намали бројот на случаи во кои пресудата е оставена на дискреција на властите“.

Сексуалната злоупотреба на малолетни лица е класифицирана во новиот дел „Прекршоци против човечки живот, достоинство и слобода“ наместо во претходните „Злосторства против посебни должности“.

Во овој дел од законикот се воведени нови злосторства како што се детска порнографија и целење малолетни лица и ранливи возрасни лица за сексуално злоставување.

Слични содржини