Парма во изолација, еден заразен со корона

од Vladimir Zorba

Парма потврди дека во последната рунда на тестирање за коронавирус, еден нејзин член бил позитивен, но тие велат дека не е фудбалер.

На официјалната веб-страница на клубот во Серија „А“ беше објавено дека еден вработен е позитивен на корона, но дека не чувствува никакви симптоми.

„Во последната рунда на тестирање, еден член на првиот тим се тестираше позитивно за Ковид-19. Инфицираното лице не чувствува никакви симптоми и е во изолација, како што се бара со правилата. Сите други членови на тимот беа негативни, но тие ќе останат во изолација во тренинг центарот“, се наведува во соопштението.

Парма во моментов е на 12. место на табелата, следниот меч требаше да се одигра против Болоња.

Слични содржини