Партиите со реакции за договорот со Грција

од Vladimir Zorba

Зоран Заев недостоинствено ги погази државните и национални интереси на Република Македонија. Зоран Заев одлучи да прифати промена на уставното име, да ја проблематизира националноста и да се откаже од историјата, велат во партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев прифати отстапки и обврски само за Република Македонија. Зоран Заев планира со просто мнозинство да изгласа во Собранието штетен договор кој подразбира менување на Уставот за што е потребно двотретинско мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи капитулацијата која Зоран Заев сака да и ја донесе на Република Македонија. Договорот нема да биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ затоа што е штетен и спротивен на највисоките државни и национални интереси“, се вели во соопштението.

 

 

ВМРО-ДПМНЕ треба конечно да ја напушти матрицата на изолација, велат во партиска реакција од СДСМ. Според нив,  поделби и деструктивност и да го поддржи договорот којшто става крај на 25 годишниот спор што ја влечеше Македонија надолу и го зајакнува и зацврстува македонскиот идентитет.

„Договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет и никој повеќе нема да го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, обезбедено еднаш засекогаш.

Членството во ЕУ и НАТО се врвен државен и национален интерес и затоа, ако се води од овие интереси ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Договорот со кој се отвора европската перспектива на Македонија и да каже ДА за македонската иднина“, велат од СДСМ.

Слични содржини