Патник ја отвори вратата од авион среде лет, објавено ВИДЕО од инцидентот

од Stefanija Kuzmanovska

Патник на летот на „Азијана ерлајнс“ го отворил излезот за итни случаи за време на лет на авион во петокот, изјавила за AFP јужнокорејската авиокомпанија, додавајќи дека слетувањето поминало без пречки, но некои патници сепак морале да бидат хоспитализирани.

Инцидентот се случи кога Ербас А321-200, со речиси двесте патници, се приближувал кон пистата на меѓународниот аеродром Даегу, на околу 240 километри југоисточно од Сеул.

Авионот бил на околу 200 метри од земјата кога патник кој седел покрај излезот за итни случаи „ја отворил вратата со рака вртејќи ја рачката“, изјави претставник на јужнокорејската компанија за AFP.

Снимката од авионот покажува како патниците се држат за своите седишта додека ветрот го беснее во авионот кој се спушта, пишува „Дејли Мејл“. На друго видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се видат патници како чекаат во ред за излез за итни случаи со отворени врати.

Слични содржини