Патникот кој спаси шест лица: Му благодарам на Бог што ми даде втор живот

од Nikola Popovski

Еден од 7-те преживеани од трагичната автобуска несреќа во Бугарија, српскиот државјанин Љуљзим Сулејмани раскажа што се случило тој ден во кобниот автобус.

-Така е напишано од Бог, јас да бидам тој кој ќе спаси уште луѓе. Му благодарам на Бог, што ми даде втор живот, вели Сулејмани во изјава за ТВ 21.

Според него, патот не бил тежок и возачот не возел брзо.

-Возеше како и нормално, со 100 на час. Автобусот беше добар, а за лиценцата не знам. Во однос на тој ден, се ми се повторува во главата, 24 часа. Јас бев буден и видов се од трагедијата и за жал не можам да спијам како претходно, само по 1-2 часа. Поради тоа, еднаш неделно посетувам психијатар во болницата во Врање, информира Сулејмани.

Тој додаде дека прозорецот го скршил со чеканче, за кое уште претходно запомнил каде се наоѓа.

-Мило ми е што барем шест лица излегоа после мене, вели во своето сведоштво преживеаниот патник.

Слични содржини