Пауновски: Келнерите ќе можат да бараат лична карта при влез во ресторан

од Берта Китинска

На денешанта прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска истакна дека во наредните 10 денови ќе се вршат информативни посети на угостителите.

-Планирано е тимови да вршат информативни посети и да ги едуцираат угостителските објекти. Целта е еднаш на секому да му образложи протоколот, изјави Филиповска-Грашкоска.

Таа додаде дека доколку не се почитуваат правилата ќе има казни.

Директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски, изајви дека протоколите се донесени за да ги спроведуваат угостителите и тие се одговорни да бараат лични карти

– Протоколите се донесени за да ги спроведуваат угостителите и тие се одговорни да бараат лични карти и да даваат соодветни места на оние кои ќе дојдат кај нив, па согласно тоа ќе преземаат мерки. Келнерот односно газдата ќе ги спроведува протоколите, а не инспекторите, ние вршиме контрола кај угостителите. И 12 лица може да бидат на маса, но да се распоредени со соодветна дистанца, рече Пауновски.

Слични содржини