Пендаровски: Ја очекувам поддршката од сите етнички заедници заради политичкиот кредибилитет

од Vladimir Zorba

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Тема на денот” на Сител ТВ истакна дека тој ја очекува поддршката од сите етнички заедници, затоа што како што посочи, никој не може да стане претседател ако не добие широка граѓанска поддршка.

„На изборите ја очекувам поддршката од сите етнички заедници и од сите политички партии кои се репрезенти на тие етнички заедници. Многу пати сум го кажувал тоа и го тврдам: не можеш да станеш претседател ако не те поддржат сите, во една значајна бројка” посочи Пендаровски.

Според Пендаровски, широката поддршка е нужна не само заради одзивот туку пред се и за понатамошниот политички легитимитет и кредибилитет на претседателот.

Слични содржини