Пендаровски: Од Софија до Скопје не е доставен никаков документ

од Nikola Popovski

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се огласија денеска во врска со таканаречениот нон-пејпер кој беше објавен во дел од медиумите.

-Кабинетот на претседателот Пендаровски информира дека со Република Бугарија со месеци наназад не се водат никакви преговори и поради тоа од Софија до Скопје не е доставен никаков документ, стои во сооптештението.

Од таму додаваат дека ставот на претседателот во однос на идентитетот и јазикот на македонскиот народ е јасен и непроменет, за тоа досега ниту се преговарало, ниту пак ќе се преговара во иднина.

Од Владата соопштија дека официјален е предлогот претставен за време на претседателството на Португалија со Европската Унија.

-Сметаме дека тој предлог овозможува решенија прифатливи за сите страни, велат од Владата.

Во нон-пејперот, кој го објави ТВ Клан, се тврди дека во Република Македонија, пак, ќе се засили контекстот на мултиетничкото општество преку вклучување и на бугарскиот наратив. Се предлага Бугарите да се внесат во Утавот, соодветно како и сите други етнички заедници, здруженијата на Бугарите со тоа ќе добиеле заштита и посебна нега од државата за да негуваат, да промовираат и изучуваат сопствен аспект на историските настани и тоа ќе им било уставно загарантирано. Се додава и дека мнозинскиот дел од словенскиот народ, кои себе се идентификуваат како Македонци, и кои сметаат на историскиот контекст за посебност на македонскиот народ ќе ја задржат можноста за сопствен аспект и наратив на оваа заедничка историја.

Слични содржини