Пендаровски во официјална посета на Република Косово

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 15 декември 2021 година, ќе престојува во официјална посета на Република Косово.

Во Приштина, претседателот Пендаровски со државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Османи-Садриу и пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Република Косово.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Парламентот на Република Косово, Глаук Коњуфца и со претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски во Пеќ ќе ја посети Регионалната команда на КФОР- Запад и припадниците на македонскиот контингент во составот на КФОР.

Слични содржини