Пендаровски за пожарот во Тетово: Кога јас би бил во таква ситуација, би поднел оставка во истата секунда

од Nikola Popovski

За одговорност за пожарот во Тетово треба да се почека исходот од истрагата, вели претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на емисијата „360 степени“.

Според него, тоа значи еден тип на одговорност, а тоа е кривично-правната.

-Ако ме прашувате лично, кога не дај боже би бил јас конкретно во таква ситуација, тие што ме познаваат го знаат мојот одговор. Не би чекал ни секунда и би поднел оставка од морални причини, истакна Пендаровски.

Слични содржини