Пендаровски: За жал и мислам најмалку по наша вина, ќе мораме повторно да ја воспоставуваме довербата меѓу двете страни

Претседателот на С.Македонија, Стево Пендаровски во своето интервју дадено за МИА, е песимист кога се во прашање решавањето на прашањата со надворешната политика. Пендаровски смета и дека треба да создадеме доверба пред се кај граѓаните дома, но и кај соседите надвор.

„ Мојот став е следен. Јас навистина се сомневам дека во следните три месеци, додека Бугарите не ги направат своите избори, дека можеме да ги решиме работиве, кои отидоа предалеку – знаете во однос на кои прашања и знаете зошто. Но, не мислам дека треба сосема да прекинеме со контактите и во таа смисла ви реков и во почетокот при одговорот на првите ваши прашања. Ние ќе мораме бидејќи многу работи се разрушија во меѓувреме, ние ќе мораме повторно, за жал, и мислам најмалку по наша вина, ќе мораме повторно да ја воспоставуваме довербата меѓу двете страни, за да можеме да дојдеме во атмосфера во која ќе ги отвориме сите прашања, без предрасуди и ќе кажеме кој што мисли и кој од што не може да отстапи. Сега, во изминатиот период гледате до декември беше практично еднонасочен диктат од бугарска страна – вели или ова и ова ќе го потпишете или нема да имате преговори. И на крај навистина тоа се случи“,  потенцираше Пендаровски

Слични содржини