Пенс: Бајден направи повеќе штета од било кој претседател

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс оцени дека актуелниот претседател Џозеф Бајден „нанел повеќе штета на Америка од било кој друг претседател во модерната историја“.

Пенс за „Фокс њуз“ изјави дека за 14 месеци инфлацијата во САД била највисока во последните 40 години, а цената на бензинот пораснала за 70 отсто.

Тој оцени и дека актуелната администрација направила грешки во борбата против пандемијата на коронавирусот и укажа на, како што наведе, „катастрофалното повлекување“ на САД од Авганистан.

Слични содржини