Пензионерка се вратила дома по девет дена откако било соопштено дека е погребана

од Nikola Popovski

Шпанката, чие семејство веруваше дека починала од коронавирус, ги изненадила своите роднини, откако се вратила дома девет дена откако им било кажано дека е погребана, објавија локалните медиуми.

По конфузијата околу името, семејството на 85-годишната Рохелија Бланко било известено дека пензионерката починала од Ковид-19 на 13 јануари, а погребот и бил следниот ден, пренесува Ројтерс повикувајќи се на весникот „Ла Воз де Галисија“.

Поради протоколот за време на епидемијата на вирусот, семејството не можело да присуствува на погребот.

Кога пристигна жива и здрава во саботата во старечки дом во Хов, на северот од Шпанија, каде што живее и нејзиниот сопруг Рамон, тој не можел да поверува што гледа, наведува весникот, додавајќи дека починала жена што била во иста соба со Бланка.

Весникот ја цитираше Фондацијата Сан Розендо, која управува со старечкиот дом, дека до грешката дошло откако Бланко и другите жители кои имале позитивен резултат на коронавирус биле префрлени во друг дом за стари лица на 29 декември за специјализиран третман.

„Меѓу преместените стари лица беа две жени на кои им беше доделена иста просторија“, соопшти фондацијата, според „Ла Воз де Галисија“.

Фондацијата изрази жалење за „немилиот инцидент“, пишува весникот.

Слични содржини