Пеп: Не можеме да си го дозволиме Гризман

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја отфрли можноста „граѓаните“ да го земат Антоан Гризман. Францускиот напаѓач отворено изјави дека го напушта Атлетико Мадрид, а неговата откупна клаузула е 120 милиони евра.

– Манчестер Сити нема да го земe Гризман. Не можеме да си го дозволиме. Барселона нема за што да се грижи, изјави Пеп на прес-конференција пред финалето на Купот на Англија против Ватфорд.

Каталонците ова лето се фаворити за потписот на Французинот.

Манчестер Сити и Париз Сен Жермен, исто така, се сметаат за кандидати за потпис на светскиот шампион.вз

Слични содржини