Пеп: Во јануари ни го понудија Погба

од Vladimir Zorba

Пол Погба бил сензационално понуден на Манчестер Сити, откри Пеп Гвардиола пред дербито со Јунајтед денес.

Се зборуваше дека Французинот има проблеми со Жозе Мурињо, а и не играше добро, што очигледно го натерало неговиот агент Мино Раиола да ја истражи можноста тој да го напушти „Олд Трафорд“ и да премине во големиот градски ривал.

Неодамна Гвардиола беше наречен „подлец“ и „куче“ од Раиола, по што очигледно одлучи да одговори на критиката, откривајќи дека не разбира зошто некој со негативно мислење за него, му нуди такви играчи, бидејќи понудата вклучувала и друга ѕвезда на „црвените ѓаволи“.

„Не можам да разберам зошто сум толку лош за него. Никогаш не сум разговарал со него, па не знам од каде доаѓа неговото мислење. Пред два месеца, тој посочи дека Погба и Миктаријан доаѓаат кај нас. Зошто? Тој мора да ги задржи неговите играчи, па затоа мора да знае дека не е добро да понуди такви играчи на куче како мене“, рече Гвардиола.

„Вистина е дека имам многу ривали, особено меѓу агентите. Јас сум голем шеф и можам да откријам сериозна листа на луѓе што не ми се допаѓаат“, рече Пеп, чиј тим ќе ја освои титулата денес ако го победи Јунајтед.

„Знам што значи овој меч за навивачите, но можам да кажам дека го почитувам Жозе. И двајцата ја започнавме сезоната со цел да станеме шампиони, но работите се еволуираа на овој начин и дојдовме дотука. Тоа се случува. На крајот, што и да се случи, ние ќе останеме во бизнисот и ќе се сретнеме уште илјадници пати еден против друг“.

Слични содржини