Актуелно
Почетна / Сцена / „Пеперси“ на Инстаграм: Многу сме возбудени, имаме голема вест!

„Пеперси“ на Инстаграм: Многу сме возбудени, имаме голема вест!


Бендот Ред Хот Чили Пеперс објави на својот Инстаграм профил дека Џон Фрушанте, по 10 години, повторно ќе стане гитарист на оваа група, пренесуваат светските медиуми.

Овој гитарист ја напушти групата пред 2008 година, а на негово место дојде Џош Килингхофер.

Бендот на својот Инстаграм профил во неделата навечер соопшти дека Фрушанте е враќа на своето старо „работно место“, како и дека Килингхофер веќе нема да свири со нив.

„Ред Хот Чили Пеперс објавуваат дека се простуваат со гитаристот кој десет години свиреше со нас, Џош Килионгхофер. Џош е прекрасен музичар кого го почитуваме и го сакаме. Длабоко сме благодарни за времето кое го поминавме со него и за бескрајната дарежливост која ја сподели со нас. Исто така, објавуваме со голема возбуда и полно срце, дека Џон Фрушанте се враќа во групата“, наведоа Пеперси.

loading...