Запрашан дали теренските посети на општините преку проектот „Каде што срцето е дома“ се започнува предвремена кампања за локални избори, министерот за локална самоуправа, Златко Перински истакна дека основната работа на неговото министерство се локалните самоуправи и тоа се прави на дневна основа.
-Општината Ѓорче Петров е исклучителна битна за нас бидејќи има и урбан и рурален дел. Точно е дека некој ова го предвидува како почеток на предизборна кампања, но, јас не се сголасувам со таа констатација заттоа што обврска на министерот е да ги посети локалните самоуправи и да го види нивното секојдневно работење за да ги подобри состојбите. Жалаш што ова Министерство во изминатите години не беше визбилно и на висина на задачата, иако како ресор е исклучително битно за функционирањето на Владата затоа што тангира локална политика и регионалниот развој. Доколку овие две материи не се третираат соодветно, ќе ни се случува ова што се случува сега – половина Македонија да ни доаѓа во главниот град, а 70% од територијата да ни се празни и иселува, рече Перински при посетата на Општина Ѓорче Петров и средбата со градоначалникот Александар Стојкоски и членовите на општинскиот Совет.
Караванот „Каде што срцето е дома“, според Владата, има за цел изворно запознавање со предизвиците и реалните потреби на локалните самоуправи и граѓаните, со фокус на изнаоѓање соодветни решенија за нивно надминување и поголем напредок.