Песков откри колку долго ќе трае средбата на Путин и Бајден

од Stefanija Kuzmanovska

Средбата меѓу претседателите на Русија и Соединетите држави, Владимир Путин и Џо Бајден, закажана за 16 јуни во Женева, ќе трае четири до пет часа со паузи и промени во форматот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој го кажа тоа одговарајќи на прашањето на новинарите дали средбата на двајцата лидери се очекува да трае пет часа, пренесува РИА Новости.

Претходно рускиот помошник претседател Јуриј Ушаков изјави дека самитот меѓу Путин и Бајден ќе се состои од три дела – разговорите ќе се одржат најпрво во тесен формат, а потоа и во проширен формат, проследени со посебни прес-конференции на двете страни.

Слични содржини