Песков: Палестинците треба да добијат шанса да создадат своја држава

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков синоќа изјавил дека „нема сомнеж дека на Палестинците треба да им се даде шанса да создадат своја држава“.

„Меѓутоа, хуманитарната криза во Појасот Газа е прашање кое бара итно внимание“, рече Песков во интервју за „Росија-24“.

Тој нагласи дека на Палестинците „очигледно“ треба да им се даде можност да создадат своја држава, „како што нареди Советот за безбедност на ОН“.

„Тоа е единственото решение за конфликтот на Блискиот Исток. Сепак, пред да се случи ова, сите треба да размислат како да се реши хуманитарната катастрофа во Газа. Сите ќе мора да направат нешто по тоа прашање“, додаде Песков, пренесе ТАСС.

Истакна дека последната рунда тензии на Блискиот Исток е предизвикана, како што наведе, од „неколкудецениските обиди за монополизирање на процесот на населување“.

„Американците го направија тоа, обидувајќи се секој втор пат да ги заменат меѓународните напори со свои акции“, рече Песков, додавајќи дека овој пристап на крајот довело до избувнување на конфликт.

Слични содржини