Пет најпровокативни топлес фотографии од Вергара, Рајатковски, Ријана, Карди Би и Бела Торн

од Stefanija Kuzmanovska

Многу познати дами не се срамат од својата убавина. Напротив, некои од нив гордо објавуваат разголени фотографии на своите социјални мрежи, без оглед на тоа што ќе коментира околината.

Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“ и една од најатрактивните жени во светот, Софија Вергара, на својот Инстаграм објави топлес фотографија од нејзините помлади денови со краток опис:

„Мајами во 90-тите“.

Холивудската актерка и фото модел Емили Рајатковски сака да ја скокотка фантазијата на многу мажи со своите провокативни фотографии, кои често ги споделува на Инстаграм.

Иако сега е бремена, Емили често објавува свои разголени фотографии.

Пред неколку години, таа покажа дека најмногу сака да плива топлес, а на своите следбеници на Инстаграм им претстави токму такво издание.

Пејачката Ријана објави фотографија на која позира без градник, покривајќи ги градите со рацете.

Таа позираше во текот на ноќта, пред базенот, во нејзината луксузна вила.

Во новата песна „Up“, која неодамна ја објави Карди Би, таа пее за своите сексуални достигнувања, непроценливото богатство и другите девојки кои, како што вели, не можат да ја следат во она што го прави.

Во нејзин стил, видеото е преполно со провокативни изданија, а пејачката гордо објавува слики од видеото на својот Инстаграм.

Поранешната ѕвезда на Дизни, Бела Торн, предизвика лавина реакции во текот на изминатите неколку месеци, поради нејзините провокативни слики и видеа на страницата за возрасни – OnlyFans.

Бела неуспешната кариера на актерка и пејачка ја замени со порнографска содржина, а таа често споделува експлицитни фотографии на својот Инстаграм.

Слични содржини