Петок 13-ти: Факти за „најбаксузниот“ ден

од Elena Daskalova

Петок 13-ти важи за најнесреќниот и најбаксузниот ден во календарот. По тој повод, ова се 13 факти поврзани со овој ден:

1. Не е јасно зошто се плашиме од него

Според историчарите, стравот од овој ден се појавил во доцниот 19. век. Првпат е споменат во биографијата на композиторот Џоакино Росини, кој починал на петок 13-ти. Други веруваат дека има библиски корени кои ги поврзуваат со распетието на Исус и со 13-те гости на Тајната вечера. Уште еден историски настан кој се случил на петок 13-ти е и оној од 1307 година, кога еден француски крал наредил апсење на стотици витези темплари.

2. Стравот е доста реален

Стравот од петок 13-ти е толку реален што има дури и две фобии: фригатрискаидекафобија и параскевидекатриафобија, кои доаѓаат од грчкиот јазик. Првиот збор има и нордиско потекло, Фриг била божица на мудроста, а според неа e именуван денот петок во оваа група јазици. Вториот дел од зборот, трискаидека значи 13, а фобија, како што веќе знаеме е страв. Вториот збор буквално значи петок, тринаесет и страв, со тоа што параскеви е грчки израз за петок, декатриа е уште еден начин да се каже 13.

3. Стравот е многу чест

Овие фобии постојат кај милиони луѓе, кои на петок 13 не прават ништо значајно, не патуваат, суеверни се, остануваат дома… Трискаидекафобија е страв само од бројот 13 и често се поврзува со лоша среќа.

4. Колку вакви петоци има годишно?

Секоја година има барем еден петок 13-ти, но не можат да бидат повеќе од три во една календарска година. Најдолго помеѓу два петока 13-ти може да биде 14 месеци.

5. Неделите се виновни

За во еден месец да има петок 13-ти, тогаш први во месецот треба да се падне во недела.

6. Постојат и т.н. шеми на петок 13-ти

Постои календарски метод со кој може да се предвидат петоците 13-ти. Ако непрестапна година започне во четврток, тогаш петок 13-ти ќе имаме во февруари, март и ноември. Ова ќе се случи вкупно 11 пати во 21. век. Овој циклус започна во 2009 година, но истата шема се повтори и во 2015, 6 години подоцна. Ова нема да се случи до 2026, а следно пороа ќе биде во 2037.

7. Се случува и во престапни години

Три петоци 13-ти може да се случат и во престапна година. Ако 1 јануари се падне во недела, тогаш вакви петоци ќе имаме во јануари, април и јули. Во 20.век ова се случи во 1928, 1956 и 1984 година. Во 21. век се случи во 2012, а ќе се случи и во 2040, 2068 и 2096 година.

8. Хичкок е роден на петок 13-ти

Тој е роден на 13 август 1899, а првиот филм кој го режирал бил „Бројот 13“, кој не постигнал комерцијален успех поради финансиски причини. Други познати личности родени на ваков ден се близначките Мери Кејт и Ешли Олсен, Семјуел Бекет и Фидел Кастро.

9. Баксуз, ама не за сите

Во Италија, петок 17-ти се смета за доста понесреќен ден од петок 13-ти, но во Шпанија, Грција и речиси на целиот Балкан, петок 13-ти е сериозен баксуз.

10. Всушност и не е толку несреќен

Постојат сосема малку записи за лоши настани кои се случиле на петок 13-ти. Всушност, не е забележана тенденција на зголемување на несреќи, природни катастрофи и разболувања.

11. Инспирација за уметност

Под франшизата „Friday the 13th“ се снимени 12 хорори, а постојат и голем број ТВ-серии и книги кои се базираат на верувањата за овој ден.

12. Се користи за подигнување свесност

Од 1995 година, Финска го одбележува првиот петок 13-ти во годината како Национален ден на несреќите и го користат за кампањи за подигнување на свесноста за несреќи на патиштата, во домот и на работното место.

13. Запаметете го 13 април 2029

На овој ден, кој секако, се паѓа во петок, покрај Земјата ќе помине огромен астероид со заканувачки размери, кој според науката, нема да има никакво влијание врз нашата планета. Не е тоа толку баксузно, зарем не?

Слични содржини