Петровска повеќе не е директорка на ДИЖС, ќе биде наследена од кадар на ДОМ

од Nikola Popovski

Владата ја разреши в.д. директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска и на најзино место го назначи Сретен Стојковски, кој е нејзин партиски колега. Според информациите, ова дошло по барање на нејзината матична партија ДОМ.

Засега не се знае кои, официјално, се причините за разрешувањето на Петровска.

– Мојата служба во инспекторатот беше привилегија. Некои проблеми во животната средина почнаа да се решаваат, уште многу останаа за во иднина. Јас останувам во секторот животна средина и без оглед што не сум веќе функционер, ќе продолжам да работам за јавниот интерес“, изјавила Петровска за ДВ, по разрешувањето.

Петровска беше директорка десет месеци, а именувана во октомври минатата година. Нејзиното разрешување доаѓа откако таа имаше несогласувања со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, кога побара вонреден конгрес.

Слични содржини