Пилешко бурито со авокадо

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 3 лажици масло

– 500 грама пилешко

– 300 грама шампињони

– едно авокадо

– четири пченични тортиљи

– 120 грама моцарела

– две лажици сечкан босилек

Подготовка:

На загреано масло ставете го пилешкото исечено на ленти и варете на силен оган мешајќи додека течноста не испари. Додадете исечени печурки и варете на тивок оган, повремено мешајќи (околу 5 минути).

Додадете 300 мл млака вода и динстајте на тивок оган околу пет минути, за да се соединат состојките. Авокадото исечкајте го на коцки. На тортиљата ставете четвртина од филот и посипете со рендана моцарела.

Ставете неколку коцки авокадо и посипете со босилек. Свиткајте ја тортиљата и послужете ја веднаш топла.

Слични содржини