Пинг-понгот се враќа во македонските сали

од Vladimir Zorba

На 13 Март официјално започнува пролетниот дел од пинг понгарската сезона во сите категории на натпреварувања организирани од пинг понгарската федерација на Македонија.

Во Крива Паланка во сабота на 13 март ќе се одиграат одложените финални натпревари од јуниорската лига од есенскиот дел.

Сениорите својот старт го имаат на 14 Март. Супер лигашите во СЦ Борис Трајковски ќе ги одиграат натпреварите од првото пролетно коло десетто по ред во шампионатот. Исто така на 14 Март продолжуваат натпреварите и од останатите категории во сениорска конкуренција.

Во пролетниот дел речиси да нема слободен викенд во пинг понгарскиот календар на натпревари така што ќе се одиграат и сите рангирни турнири од мастерс серијата кои беа одложени во есенскиот дел поради ковид кризата.

Крајот на сезоната 2020/21 предвиден на 26 Јуни кога ќе се одиграат финалните натпревари од Јуниорската лига од пролетниот дел.

Слични содржини