Пинк со молба до Кристијано: „Знам, дека постојано правиш убави работи, но…“

од Vladimir Zorba

Американската поп ѕвезда Пинк (41) испрати интересна молба до Кристијано Роналдо и набрзо доби одлична вест.

Пинк преку социјалните мрежи побара неколку потпишани дресови од напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Португалецот секако е еден од играчите со најмногу продадени дресови и поделени автограми, а е идол на многу деца ширум светот, а пејачката почувствувала потреба да се обрати кон него за да израдува две деца.

„Еј, Кристијано. Оваа година треба да израдувам две деца за Божиќ кои не сакаат ништо повеќе од еден твој дрес. Тие немаат многу, но јас сум решена да им се случи тоа. Сакаш да ми испратиш неколку дресови и да им го сменам животот? Знам, дека постојано правиш убави работи, но…“, напиша Пинк на својот Твитер профил.

Набрзо стигна и одговорот на Кристијано, кој ја воодушеви пејачката и нејзините фанови, но и целата јавност, пишува Headliner.

„Здраво Пинк – среќен сум што можам да помогнам – ќе организирам неколку потпишани дресови за овие деца. Честитки за тоа што го правиш!“, напиша Роналдо.

Слични содржини