Плачел ноќта пред венчавката: 40 години од свадбата на Лејди Ди и принцот Чарлс

од Stefanija Kuzmanovska

Во катедралата Свети Павле во Лондон, на денешен ден пред точно четириесет години, се венчаа принцот Чарлс и Лејди Дајана. Спектакуларната венчавка ја пратеа повеќе од 700 милиони луѓе ширум светот. Чарлс, кој беше 12 години постар од Дајана, изгледаше пресреќен, како и принцезата која мислеше дека ќе започне совршен живот.

Љубовта навистина беше таква на почетокот. Меѓутоа, во подоцнежните години, се покажа дека бракот на принцезата Дајана и принцот Чарлс беше се освен среќен – тие се изневеруваа едни со други, едвај комуницираа во јавноста и изгледаа несреќни што воопшто стојат заедно, имаше скандали и тоа траеше до 1996 година, кога конечно се разведоа.

Од самиот почеток, подоцна медиумите пишуваа дека бракот е осуден на пропаст. Една од главните причини беше Камила Шенд, во која Чарлс беше вљубен.

Интересно е и тоа што, иако зборувале многу по телефон, Чарлс и Дајана всушност не се гледале: се сретнале само 12 пати пред принцот да ја запроси младата убавица. Според одредени медиуми, Чарлс бил неутешен вечерта пред венчавката, и плачел цела ноќ бидејќи се женел за Дајана, а не за Камила.

И Дајана била многу несреќна со години.

Чарлс и Лејди Ди конечно се разведоа во ноември 1996 година. Дајана почина во сообраќајна несреќа една година подоцна, се уште под неразјаснети околности.

Слични содржини