Платил 450.000 долари за да стане сосед на Снуп Дог во виртуелниот свет

од Vladimir Zorba

Многупати пишувавме колку пари се трошат во виртуелните светови во последно време, односно т.н „метаверзуми“. Станува збор за милијарди долари, а таа бројка треба да се множи во следните неколку години бидејќи се повеќе компании инвестираат пари во оваа технологија.

Сепак, иако NFT и метаверзумите треба да бидат иднината, многумина веќе инвестираат во нив, верувајќи дека за неколку години инвестицијата ќе се исплати многукратно, некои работи се уште е многу тешко да се објаснат или оправдаат. На пр. пишувавме за големите суми кои луѓето ги давале за виртуелни куќи или виртуелни јахти, а последен таков пример е личност која платила голема сума пари за да биде сосед на познатиот рапер во метапросторот на Снуп Дог (Snoopverse).

Накратко, таа личност, која одбрала да остане анонимна, платила 450.000 долари за виртуелно земјиште до виртуелната куќа во која живее Снуп Дог, односно нејзината дигитална верзија. Но, покрај тоа што е негов сосед, за парите што ги платил, овој жител на Snoopverse ќе може да присуствува и на ексклузивни забави во виртуелната куќа на Снуп, која е реплика на неговата вистинска вила во Калифорнија.

Снуп Дог е еден од многуте музичари, како Kings of Leon и Post Malone, кои решија да инвестираат во виртуелни светови и се здружија со The Sandbox и го лансираа Snoopverse. Во овој свет, корисниците можат да купуваат, продаваат, градат, поседуваат, но и да ги монетизираат своите виртуелни искуства. Исто така, тие можат да градат куќи за нивните аватари, да им купуваат дизајнерска облека и луксузни автомобили и, се разбира, да го платат целото виртуелно искуство – со вистински пари.

Слични содржини