По 29 години брак, се разведува фронтменот на Ајрон Мејден

Фронтменот на легендарната група Iron Maiden, Bruce Dickinson, ја остави долгогодишната сопруга Paddy Bowden и тоа поради обожавателката Laene Dolci со која имал љубовна афера.

61- годишниот Dickinson се соочува со многу скапа и долготрајна бракоразводна парница од која би можел да го извлече полесниот крај за неверојатни 90 милиони фунти. Имено се претпоставува дека имотот на славниот музичар ќе се дели на пола, со оглед на тоа што Брус бил во брак 30 години. Доколку дојде до таква поделба, нивниот имот, кој се проценува на вртоглави 116 милиони долари, секој од нив би добил по 58 милиони долари.

Рокерот моментално живее со фитнес инструкторката Laene, во Парис.

Извор близок на парот изјавил дека Laene го следела Брус на неговите концерти барем десет години.
– Последните години таа и Брус многу се зближија, а тааа ги запозна и неговите деца. Сопругата Paddy моментално се наоѓа во Јужна Америка, се отргна од сето тоа – рекол извор за Mirror.

Слични содржини