ПО ДВЕГОДИШНО ОДЛОЖУВАЊЕ: Германскиот онлајн регистар на донатори на органи конечно профункционира

од Vladimir Zorba

Германскиот онлајн регистар на донатори на органи започна со работа во понеделникот по двегодишно одложување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на луѓето да ги остават своите органи за трансплантација, пренесува dpa.

Претходните донаторски картички ќе ја задржат својата важност, но во иднина секој граѓанин на возраст над 16 години може да пополни формулар онлајн и да донира органи за трансплантација на пациенти на кои им се потребни.

Ова, оцени Лаутербах, им олеснува на семејствата на починатите дарители, но и на лекарите, кои веднаш добиваат увид. Најави уште реформи, пред се секој по смртта автоматски ќе стане донатор – освен ако не се изјасни против тоа.

Бројот на донатори кои се уште ја чекаат потребата и на листата на чекање за трансплантација сега изнесува 8.400 пациенти. „Мислам дека проблем од оваа големина е нерешлив без систем на претпоставена согласност“, рече тој.

Ова е централната мерка, а сите останати се дополнителни, додаде Лаутербах.

Слични содржини