Познатиот британски музичар, Елтон Џон, неодамна низ солзи го прекина концертот во Нов Зеланд, на кој настапуваше во рамките на својата тирнеја, поради губеше на гласот, а сега тоа и се случи и на уште една поп пејачка.

Лана дел Реј поради настинка и губење на гласот морала во последен момент да го откаже својот настап во Амстердам, но и доаѓањето во Европа во рамките на нејзината турнеја „Norman F****** Rockwell“.

Таа на своите фанови им се обрати преку социјалните мрежи и им ја соопшти тажната вест.

„Жал ми е што морам да ве разочарам во последен миг, но оваа болест целосно ме совлада и ми го одзеде гласот“, напишала таа и додала дека по совет на доктор ќе мора да одмри четири недели.

Пејачката во август 2019 година објави дека тргнува на турнеја на која планира да помине и одржи концерти ширум Европа и Америка.

Слични содржини