Спиењето е од витално значење за обновување на психичките системи и надополнување на умот, ја зајакнува емоционалната интелигенција, потребен е за добрата состојба на организмот, за самоконтролата, вниманието и меморијата. Но …

Image_4626637_407

Општо познато е верувањето дека генијалните и успешните луѓе спијат многу малку. Некои уметници се обиделе да ја искористат состојбата во која запаѓа мозокот, лишен од сон, за да создадат ремек-дела. Таков бил португалскиот поет Песуа кој намерно не спиел, за да ја донесе менталната и психичката состојба до работ и тоа да доведе до креативен врв. Волт Витман, Емили Бронте и Роберт Фрост имаат песни, создадени во состојба на инсомнија. А пак Набоков верувал дека спиењето е за идиоти и непроспиените ноќи ги раѓаат неговите најдобри дела.

Меѓу научниците има многумина кои направиле откритија, додека спиеле. Менделеев ја сонил прочуената табела на хемиските елементи. Се тврди дека хемичаорт Кекуле открил дека структурата на бензенот е прстенеста, откако при дремака му се појавила змија,која ја гризела опашката. Плод на сонување се “Кублај Кан” на Колриџ, “Франкенштајн” на Мери Шели, “Чудниот случај на д-р Џекил и г-дин Хајд” на Р. Л Стивенсон, а исто така и песните на Пол Макартни “Вчера” и “Жолтата подморница”.

Тезата за тоа дека генијалните луѓе речиси не спијат, не е сосема оправдана, бидејќи има величини кои се радувале на здраво спиење. Флобер бил ноќна птица – сзаспивал во 3 наутро, но станал кон 10 часот, а Томас Ман и Чајковски спиеле од 12 до 8 наутро.

На Железната лејди и стигале 4 часа

Железната лејди Маргарет Тачер го малтретирала својот тим со тоа што речиси не трепнувала и станувала уште во рани зори. Во нејзина чест дури нарекле ген поради кој некои луѓе сеамо 4 часа на ден, за да е целосно храбра и обрзана. Најверојатно тоа нема никаква врска со Алцхајмерова болест, која ја прогонувало во подоцнежните години, иако истражување на Универзитетот во Тексас Беилр објавено во јануари, покажува дека 8-часовен ноќен сон всушност може да го забави и дури да спречи развојот на Алцхајмеровата болест и сенилната деменција.

Тачер сосема не е единствениот политичар кој спие по толку малку. Од два до 4 часа спиење му требаат на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони. Од друга страна, поранешниот британски премиер Винстон Черчил е познат по тоа што спиел попладне. Ноќе спиел по 4 часа, но имал потреба од комплементарен сонот со час и половина попладне . Тој верувал дека попладневното спиење е клучот за успехот. Озлогласенета порака му е: “Ќе ме разбудиш само ако станала Трета светска војна.”

По 6 часа спијат шефовите Барак Обама и Владимир Путин. Патем, ако го исклучиме Обама, Путин и најмногу железната леди,се политичарите меѓу групата луѓе кои најдобро си поспиваат. Најмалку сон (во просек 3-5 часа) си дозволуваат луѓето кои работат во маркетинг и рекламирање, покажува новото британско истражување насловено YouGov.

Два часа спиење стигнуваат за Леонардо, Едисон и Тесла

Постои цела школа мислители кои веруваат дека спиењето е чиста загуба на време. Леонардо да Винчи е меѓу луѓето со чудни навики во овој поглед. Тој спиел по 20 до 40 минути на секои 4 часа. Тоа е таканаречен полифазов сон, или уште – Uberman циклус.

Горе-долу на ист начин спиел и Томас Едисон – таткото на сијалица. Дремел по 10 минути 6 пати на ден на еднакви интервали. Всушност Никола Тесла – таткото на електричната енергија, спиел не повеќе од нив. Но неговиот начин бил да се наспие одеднаш – од 12 навечер до 2. Моцарт спиел по цели 4-5 часа.

По 30 минути на секои 6 часа е другата пракса – циклус Dymaxion. Воведен е од Баки Фулер – американски архитект неофутурист, инженер-конструктор, пронаоѓач, иноватор, поет и автор на над 30 книги. Тој почина на 78 година, односно ненаспаноста не му се одразило фатално на здравјето. Сепак последните истражувања на спиењето покажуваат дека таквите прекини се штетни за повеќето човечки суштества. Тие водат до намалени когнитивните способности, влошена концентрација и лошо расположение.

Уметникот Салвадор Дали, пак, воопшто се плашел да спие. Тој држел метална лажица над метален послужавник. Како заспивал,ја испуштал лажицата, таа паѓала и звокот го будел.

Композиторот Лудвиг ван Бетовен е доказ дека не треба човек да е месечар или да страда од предвремена ранобудност, за да е генијален. Тој си легнува на топло во креветот во 10 часот навечер и спиел непробудно дур до утрината до 6 часот.

Писателот Оноре де Балзак исто така не сакал да се лишува од сон. Тој си легнувал со кокошките – во 6 попладне. Спиел до 1 ноќе, станувал да работи на темно и потоа со одложено бидење од 8 до 9.30 наутро. Така му се собирале 8 и пол часа спиење. Спротивното на Балзак бил неговиот колега Скот Фицџералд – тој седел до 3,30 во текот на ноќта, а сизлегувал од покривката кон 11 часот. Таткото на психотерапијата Сигмунд Фројд спиел со 6 полни часа – од 1 до 7.

Од денешните познати имиња милијардерот Ричард Бренсон спие по 6 часа, а магнатот Доналд Трамп – по 3-4 ч. ТВ водителот Џеј Лено, исто така нема време за спиење – спие само 5 часа на ден. Во споредба со нив сопственикот на “Мајкрософт” Бил Гејтс спие јуначки по 7 часа секоја ноќ.

Слични содржини